Законот за животната средина претставува рамковен закон што ги предвидува правните основи за заштита и унапредување на квалитетот и состојбата на животната средина, а кои понатаму се разработени во посебни закони и бројни подзаконски акти.
Основниот закон кој ја регулира заштитата на природата преку зачувување на биолошката и пределската разновидност и заштитата на природното наследство во и надвор од заштитените подрачја, како и заштитата на природните реткости е Законот за заштита на природата
Со Законот за води се регулира управувањето со водите како дејност од јавен интерес пред сè водите за пиење и за производство на храна, но и за потребите на земјоделството, индустријата, хидроенергетските потреби, за потребите на парковите и други јавни површини, туризмот, пловидбата и друго.