Description: Чекор по чекор до квалитетно поткровје! Сè што треба да знаете за долготрајните решенија за вашето поткровје. Претворете го неискористениот поткровен простор во простор за комфорен дневен престој!
Сè што треба да знаете за долготрајните решенија за вашето поткровје
Пред да започнете со преуредување, важно е да се процени дали просторот во поткровјето е соодветен за целите на домување? Дали постојната покривна конструкција обезбедува доволно простор? Дали поткровјето е доволно високо?
Пред да се започне со преуредувањето, потребно е да се испланира изгледот на поткровјето и распоредот на просториите. Во оваа фаза контактирајте со архитект, чие знаење може да ви помогне да одговорите на следниве прашања: Колку простории сакате и можете да имате во поткровјето? Каква е можноста за спроведување на сите потребни инсталации? Извор на дневна светлина – колку прозорци и каков нивни распоред?