Наша заложба е развој, градење на софтвер по мерка на клиентот, притоа водејќи сметка за ефикасноста, квалитетот, веродостојноста, достапноста и интегритетот на информациите со кои работи коминтентот.
СПД е софтверска компанија чија основна цел и задача е развој на квалитетен апликативен софтвер наменет за банките, штедилниците и другите финансиски институции. Компанијата постои уште од 1991 година, и оттогаш наваму перманентно се развива, следејќи ги потребите на своите коминтенти.
Платформите за равој на нашите решенија целосно го следат трендот во изработката и имплементацијата на финансиски софтвер. Во рамките на својот развоен циклус, актуелна е третата генерација на наши производи, чиј лидер е Bank3000, кој е се поприсутен на нашиот пазар.